,,Колачи за секој знак во зодијакот,,
Овен – лесни и здрави колачи
Овенот постојано се грижи за својот изглед па така ќе јаде колачи само доколку станува збор за здрави штрудли и ролати со интегрално брашно. Со оглед на тоа што обожава зачини, нему ќе му се допаднат сите колачи со цимет, ореви и ѓумбир. Сепак текстурата на тие колачи мора да биде лесна како и вкусот. Омилен колач му е бисквитот со цимет и ѓумбир.
Бик – колач со сирење
Бикот е земјен знак кој ги сака домашните и традиционални десерти. Тој е голем обожавател на млечни призводи па секој колач со сирење може да го одушеви. Тој е голем гурман кој знае многу за десертите и секогаш ќе ги бира оние колачи што се добро декорирани и содржат јаболка, шлаг, карамела или сирење.
Близнаци – овошни колачи
Близнаците обожаваат проѕирни и лесни десерти со умерено количество шеќер. Сите овошни колачи за близнаците се вистински деликатес. Затоа што не сакаат сами да поминуваат часови во кујната, нивните колачи ќе бидат едноставни со многу свежо овошје и шлаг. Нивниот омилен колач е торта со капини, банана и шлаг.
Рак – најголем зависник од чоколадо
Чоколадата е и утеха и радост за секој рак затоа што тој е вистински зависник. Не ги сака тешките и премногу благите десерти и повеќе ќе ужива во кремови со чоколадо и овошни колачи. Овој знак сака десерти со алкохол. Едноставниот рак најмногу ќе ужива во обичен пудинг од чоколадо.
Освежително за лавот
Лавот сака големи десерти. Колку повеќе, толку подобро. Но, би требало да внимава слатките најмногу придонесуваат за вишокот килограми, а тој просто неможе да одолее. Најдобро ќе му одговара колач со лимон или портокал.
Девицата повеќе сака фрапе отколку колачи
Девицата сака да се храни здраво и внимава на исхраната па прекумерното уживање во слатки и колачи не доаѓа во предвид. Претставниците на овој знак попрво ќе посегнат по здравото фрапе од ванила или јагода отколку за тешки и кремасти колачи како што е на пример шам питата.
За вагата било што со јагоди
Вагата обожава слатки во розеви тонови и по можност со јагоди. Разладените десерти што може да се јадат смрзнати или многу ладни се секогаш вистински избор за нив. Секој колач што содржи желатин, јагоди или јогурт ќе биде на врвот на листата на нивните омилени слатки. Освен на вкусот вагите „паѓаат“ и на дизајнот па најмногу ќе се воодушеви од убаво украсени колачи.
Скорпијата неможе да одолее на темно чоколадо
Страста и копнежот се основни карактеристики на овој хороскопски знак, па затоа на скорпијата најомилени и се слатките од темно чоколадо со вишни. Освен чоколадо, скорпијата обожава и сирење па така и сите оние колачи со сирење лесно ќе се најдат на листата на омилени колачи.
Стрелец: Само да е егзотично
Стрелецот сака десерти кои што го потсеќаат на егзотични краишта. Затоа во неговите колачи лесно може да се најде манго, диња или кокос. Не се љубители на премногу тешки и благи слатки и повеќе сака да се опушти со некој лесен десерт. Разладените десерти за него се вистински деликатес и често знае да претера со нив.
Традиција со потпис за јарецот
Јарецот обожава традиционални и домашни слатки кои што самиот ги подготвува во својата кујна. Секој колач ќе го зачини си цимет, ванила, грозје или бадеми, па така секој традиционален колач ќе добие негов личен потпис.
Водолијата го спојува неспојливото
Општо е познато дека водолијата сака се што е необично па така обожава и необични слатки. Секогаш одново ќе се обиде да го спои неспојливото па нивните колачи истовремено ќе бидат и солени и слатки. Сака желатин и овошје, тие се заштитен знак на секој колач на една водолија.
Риби – слатки со малку шеќер
Ако може да бираат, оптимистичните риби секогаш ќе му кажат „да“ на луксузниот и здрав десерт. За нив се идеални слатките кои што содржат малку шеќер, а многу овошје. Посебно ќе ги развеселат и ладните десерти во жешките летни денови.