Освежителна лимонада со праски
Ве измачуваат тропските горештини и сакате нешто што ќе ве разлади и ќе ве освежи? Изгаснете ја жедта во жешките денови со природна лимонада со вкус на праски.
Идеалниот спој на слатко-кисели овошни вкусови ќе ви ја врати енергијата и ќе посакате уште и уште.
Лимонада со праски Состојки 4 шолјивода 2 шолјикрупно исечкани праски (4-5 праски) 1 шолјасвежо исцеден сок од лимон (4-5 лимони) ¾ шолјашеќер 2 шолјимраз Инструкции за приготвување
- Во големо тенџере ставете ги водата, праските и шеќерот и поставете го на оган. Откако водата ќе зоврие, варете 3-4 минути за да омекнат праските.
- Низ голема цедилка претурете ја течноста во друг сад, а праските пасирајте ги со лажица за ги отстраните лушпите и месестиот дел.
- Ставете ја течноста во фрижидер да се лади неколку часа.
- Додајте го сокот во течноста со вкус на праска и ставете мраз.
- Послужете ја лимонадата ладна. Украсете со парче праска, јагоди, нектарини, лимон или цреши.