Панакота (варено колаче)
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 500 грама Хопла (без шеќер)
- 500 милилитри Млеко
- 15 грама Желатин
- 30 милилитри Вода
- 100 грама Вишни
- 200 грама Шеќер
- Време за подготовка: 20 мин.
- Време за готвење: 20 мин.
ПОДГОТОВКА: Во три лажици вода се раствора желатинот и се остава да стои околу 5 минути да набабри.
Сите состојки, односно шеќерот, млекото и хоплата заедно со желатинот се ставаат во тенџере и целата маса се загрева до вриење.
Потоа се остава да се олади.
Со става во модли, може да бидат и обични шољи за кафе и се ставаат во фрижидер. По најмалку 4 саати панакотата е готова.
Се превртува на тацни и се става слатко од јагоди, малини, капини или друго слатко по ваш избор.
Доколку имате свежо овошје истото се припрема на следниот начин. Пример: 100грама малини се посипуваат со 100 грама шеќер. Ова треба да отстои за да пушти сок.
Панакотата се прелива и со овошјето и со сокот.