Пина Колада
Пина Колада е сладок коктел кој во себе содржи рум, кокосов крем и сок од ананас. Најчесто се служи со издробен мраз. Тој е еден од најраспространетите коктели низ баровите во Македонија, но тоа не треба да ве спречува да си направите свој во домашни услови.
Потекло Се смета дека Пина Коладата потекнува уште од 20 век, кога во Куба бил создаден пијалок кој се нарекувал piña fria (студен ананас). Се правел од дробен ананас, шеќер и мраз.
Модерниот коктел Пина Колада се верува дека е создаден во бар во Сан Хуан, Порторико, во 1950г. Поради тоа, во 1978г. овој коктел е прогласен за официјален коктел на Порторико.
Состојки 30mlбел рум 30mlкокосов крем (или кокосово млеко) 30mlсок од ананас
мраз Подготовка
Ако сокот од ананас е блуткав или киселкав, додајте во коктелот шеќер во прав.

- Чашата во која ќе го служите коктелот наполнете ја со мраз и оставете ја настрана.
- Ставете ги во блендер румот, кокосовиот крем, сокот од ананас и 8 коцки мраз. Потоа пуштете го блендерот да меша додека мразот целосно не се издроби. Треба да добиете скоро хомогена смеса.
- Испразнете ја чашата којашто претходно ја ставивте да се лади, а потоа налејте ја во неа смесата од блендерот.
- Украсете со парче ананас, мараскино цреша, две сламки и коктел чадорче.